Во охридскиот Центар за јавно здравје за потребите на регионов има 50 бесплатни тестови за хив/сида
Во охридскиот Центар за јавно здравје за потребите на регионов има 50 бесплатни тестови за хив/сида. Во 2017 биле набавени 150 тестови преку глобалниот фонд и 50 од министерството за здравство. Во 2018 година Глобален Фонд за борба против ХИВ/СИДА, престанува со финансирање на потребните тестови па обврската да ги набавува тестовите ја презема Министерството за здравство.
Побарувачката за бесплатни тестови за Хив / Сида во регионов е голема. Во последниве две години се користат околу 200 бесплтани тестови за ХИВ СИДА. 50 тестови биле обезбедени од Министерството за здравство, а 150 од Глобален Фонд за борба против ХИВ/СИДА . Во охридскиот центар за јавно здравје до месец јули годинава биле искористени 150 тестови. Потребата била голема па биле набавени дополнителен број на тестови, информира Д-Р Јованка Стурлакова Коровешоска од ЦЈЗ. Бесплатните тестирања ги користат туристите кои доаѓат на охридско струшката ривиера, а редовно на секои три месеци се тестираат и затворенците од охридскиот и струшкиот затвор.
„ Најмногу од другите градови, охриѓани ретко. За разлика од другите години за пофалба се младите. Послободни се доаѓаат се тестираат да го дознаат Хив статусот. Но почесто доаѓаат повозрасни лица од другите градови, не само од Битола Ресен туку и од Гостивар и Тетово“, кажува д-р Струлакова Коровешоска.
До истекот на годинава се преостанати уште 50 тестови.
Тие се доволно за ова година и ќе бидат искористени за претстојната недела за борба против Хив сидата, вели епидемиологот Стурлакова Коровешоска. Од следната година престанува финансирањето на тестовите од Глобален Фонд за борба против ХИВ/СИДА.
„ Обврската ја презема Министерството за здравство и веројатно ќе ни ги обезбеди. Така е договорено обврската што ја имаше Глобалниот фонд сега ја презема Министерството за здравство. Со предлог програмата за Национална заштита на населението од хив сида за 2018 година од ресорното министерство побаравме 200 тестови.Очекувам да ни ги одобрат “, вели д-р Стурлакова Коровешоска.
Во охридско – струшкиот регион од 1987 до 2017 година биле регистрирани 6 лица болни од сида и сите починале. 2 лица се хив позитивни, од кои еден нов е откриен мината година во Струга. Во 2017 нема регистрирани нови случаи на ХИВ СИДА.