Skip to main content

Црешноберот донесе неволји за берачите

Црешноберот донесе неволји  за берачите.

 |  Валентина Неловска  | 
цреша

Почетокот на црешноберот ги донесе и првите неволји. Периодот на црешноберот е радост за љубителите на ова овошје, но и проблеми за берачите. За неколку дена итната  медицинска помош интервенирале во над 10-тина случаи каде што биле згрижени повредени берачи на цреши. Некои од нив  завршиле со полесни, но дел од нив има и со мошне сериозни повреди, информира раководителот на итната медицинска помош д-р Горан Симјаноски.


цреша

„Повредите се од лесни до тешки трауми и политрауми. Сме имале случаи каде што сме ги испратиле во терцијално здравство во Скопје заради тежината и обемот на повредите, подвлекува д-р Симјаноски.

Јавувањата до  итна медицинска помош биле околу пладне. Најчесто околу 12 и 13 часот кога сонцето е и најсилно, информира д-р Симјаноски. Докторот упатува  апел до берачите на цреши со препорка како за да се заштитат од можните, несакани  повреди.
 

 

 

црешобер

„ Лицата кои одгледуваат цреши и берачите да се повнимателни. Во бербата да користат заштитни средства најобичен појас со кој се фиксираат за дрвото и спречуваат пад. Самото берење да не е на пладне  туку наутро или да се почека да паднат горештините по 17 часот па да се продолжи соработата“, напоменува д-р Симајноски.

Берачите на цреши кои побарале лекарска помош од итната брза помош се од  регионот каде што се одгледува црешата. Тоа биле лица од Охрид и Дебрца на средна годишна возраст.