Во охридските ресторани ни за лек нема охридска пастрмка
о охридските ресторани ни за лек нема охридска пастрмка.
Охридската пастрмка и понатака ја нема ни за лек во охридските ресторани, тврдат охридските угостители. Тие во моментов на гостите им понудат белвица или охридски крап, но не и специјалитети од ендемичниот вид на пастрмка по која е познат градот. Овој проблем е присутен 15 години и кога се понадеваа дека на проблемот ќе му се стави крај со издавање на езерото под концесија, непријатно се изненадени. Ендемичната охридска пастрмка ја има во главниот град и во внатрешноста на земјата, ама ја нема во Охрид, вели познатиот охридски угостител Љупчо Патчев.
„ Ние не добиваме риба редовно. Зошто нема риба немаме одговор. Од друга страна гостите од главниот град велат дојдете во Скопје ќе Ви дадеме риба. Каде ја наоѓаат рибата не ни е јасно. Се знае рибата е бренд за Охрид па кога ќе дојдат гости од странство како да им објасниме дека при 30 км езеро ние им нудиме ќебапи и плескавици“.
Охридските угостители ќе бараат од Локалната самоуправа , концесионерот и институциите овој проблем да биде надминат, нагласува Патчев. Иако разговарале со концесионерот, конкретен одговор не добиле зошто не испорачуваат пастрмка за охридските ресторани. Угостителите имаат предлог за да се надмине проблемот.
„ Рестораните покрај езеро да плаќаат лиценци од по 500 или 1000 евра за развој на рибарството. На тој начин ќе се направи заштита рибата да не оди на друго место туку предност во снабдување со риба да имаат охридските ресторани“.
На овој начин ќе му се помогне на концесионерот за развојот на мрестот, а индиректно и самите угостители ќе се заштитат себеси да не да купуваат риба на црно и да се соочуваат со инспекциските контроли. Патчев вели доколку пак не може да се најде решение, тогаш охридската пастрмка да се тргне од туристичките проспекти и да се знае дека ендемичната риба ја нема ни за охридските, ни за скопските угостителски објекти, вели Љупчо Патчев.
{loadposition content9}