Skip to main content

Во охридските ресторани се прават завршните подготовки за дочекот на Новата година

Во охридските ресторани се прават завршните подготовки за дочекот на Новата година.

 |  Валентина Неловска  | 

идските  угостители ги прават последните подготовки за претстојните празници и Новогодишната ноќ. На десетина дена до истекот на годината рестораните се подготвуваат за пречек на гостите со избор на новогодишното мени и музичките  групи. Тие  ќе се погрижат гостите да имаат незаборавна забава со добра храна и пијалок при тоа  зачинети и со добра музика. За незаборавен дочек на 2017 година се погрижија и од ресторанот Лихнидос со внимателно избрано мени.  


„Имаме склоп на околности кои јадења се повеќе барани што да понудиме од она што најмногу ни се троши. Плескавицата со кашкавал, вешалицата и полнето пилешко се трите најпродавани и најбарани продукти. Посебно внимание привлекува поленето пилешко на охридски начин или „пилешко Лихнидос“ кое покрај рибата е специјалитет на куќата“, вели Стојановиќ.

Покрај изборот на менито со вкусна храна од ресторанот воделе исто така сметка и за добар избор на музика. Изборот на народна и забавна музика е прилагоден за музичкиот вкус на сите генерации, потенцира менаџерот на ресторанот Лихнидос, Стефан  Стојановиќ.

 

„Кај нас гостуваат препознатливата „Тајфата“ заедно со пејачката Елена Велевска. Тоа ќе биде незаборавна забава, одличен помин, гаранција што може да ја понудиме за новоогдишната  ноќ,“посочува Стојановиќ.

Од ресторанот Лихнидос  напоменуваат дека се задоволни од тоа како тече  продажбата на резервациите за најлудата новогодишна ноќ. Покрај домашните  гости имаат резервации од српски и црногорски туристи кои летувале и престојувал е во Лихнидос и посакале повторно да бидат во Охрид за дочек на Нова година. Од таму порачуваат дека се останати мал број резервации и да побрзаат да си обезбедат место сите  кои сакаат да бидат  дел од забавата во ресторан Лихнидос.