Skip to main content

Во охридските шуми забележана појава на чаури со ларви

Во охридските шуми забележана појава на чаури со ларви.

 |  Валентина Неловска  | 
шума

Ловџии, пчелари и љубители на природата информираат дека годинава низ охридските шуми забележуваат поголема појава на чаури со ларви од пеперутки на дрвјата. За да ја провериме ова информација стапивме во контакт со ЈП Македонски шуми, НП Галичица и Државниот инспекторат за шумарство.

шумиОд ЈП Македонски шуми и НП Галичица  немаат конкретни информации  за состојбите на терен. Државниот инспектор за шумарство Стојан Трајкоски  информира дека заедно со ЈП Македонски шуми подрачна едниница Галичица деновиве ќе излезат на терен за да направат увид. Вети  дека за десетина дена ќе имаат целосна слика за состојбите со шумите во регионот и конкретни информации дали има место или не за загриженост, и дали ќе има потреба од превземање на мерки за заштита.  

Инаку, загриженоста во јавноста доаѓа од минатогодишното непријатно  искуство кога Охрид беше преплавен со белата ноќна пеперутка, а многу граѓани завршија  на болничко лекување со алергиска реакција.  Сега стравуваат дали станува збор за овој инсект или боровиот четник. 

larvi

Ноќната пеперутка жолтомеска во литературата е позната како дефолијатор и ларвите најчесто се гнездат на дабовата шума. Ентемолозите од  Природно математичкиот факултeт од Скопје  за белата пеперутка посочуваа дека се јавува во одредени периоди од годината кога доаѓа до нејзино пренамножување. Тврдеа дека возрасните пеперутки не напаѓаат, не создаваат молци, не се штетни за населението, но се штетни за шумарството и овоштарството. Возрасните пеперутки според податоците во литературата не би требало да предизвикуваат алергиски реакции туку нивните ларви доколку се фатат со раце. Препорачуваа до населението  истите да не се допираат за да се избегнат алергиските реакции.