Skip to main content

Комунална хигиена

Во охридско нема пријави за угинат добиток

На депонијата Мауцкер постои специјална јама за пцовисани домашни животни. Јамата е изградена по стандарди и нема загадување на околината , информираат од ЈП Охридски комуналец. Угинатите домашни животни се подигаат по пријави на граѓани или ветринарите.
 |  Валентина Неловска  | 
комуналец

ЈП Охридски комуналец е надлежно претпријатие за собирање и отстранување на угинати животински мрши. Пцовисаните домашни животни се одлагаат на специјалната депонија Мауцкер, информира Стевчо Маслов од ЈП Охридски комуналец.

Согласно програмата за работа на ЈП за јавна хигиена имаме ставка третирање и собирање на угинати животни . Како ЈП имаме обврска да ги собереме угинатите напуштени или домашни животни во посебни садови. Тие се носат на локација на Мауцкер каде што има специјална јама, изградена по стандарди каде што имаме пристап само ние. Тоа е бетонирана јама согласно законските одредби “, напоменува Маслов.

До службите на Комуналното претпријатие за подигање на угинатите животни се јавуваат граѓани или од ветеринарните станици. Пријави за собирање може да упатат и комуналните редари и ветеринарните инспектори .

Во последно време нема јавување на граѓаните за угинат крупен добиток , како што се крави, телиња, коњи. Во моментов третираме само угинати кучиња. Угинатите домашни миленици ги пријавуваат сопствениците, а за поголеми домашни животни во последно време немаме јавувања“, вели Маслов.

Подигањето на пцовисаните животни од домовите е бесплатно. Надоместокот за подигање на угинатите животни е на товар на Локалната самоуправа, кој се планира во општинскиот буџет, за да се спречи ширење на зарази. Во Охрид и охридско досега немало појава на угинување на животни од заразни болести.