Skip to main content

Во охридско приносите на мед драстично намалени

Во охридско приносите на мед драстично намалени.

 |  Валентина Неловска  | 
pceli
pceli

Медните приноси годинава се драстично намалени,  се жалат пчеларите.   Очекуваат да извадат едвај и до еден килограм мед од сандак. Во  поволни услови  мед добиваат во просек од 10 до 20 килограми мед од едно пчелно семејство, објаснуваат оние кои се бават со пчеларство. Пчеларите ќе бидат задоволни ако пчелните семејства презимат без загуби, вели пчеларот Богоја Петровски. Врнежливата пролет негативно се одрази врз пчеларството кое резултира со катастрофлани приноси на мед, појаснува Петровски  со 20 годишно искуство во пчеларството.
pceli
„Кога временските услови за да работат пчелите не се поволни  се јавуваат и други проблеми. Се јавуваат болести кои зависат од нив. Годинава кај нас се појави сува нозема. Се пуштија примероци од пчели на испитување во Скопје, резултати сеуште нема. Големи загуби на пчелните семејства нема, но тоа се одразува на приносите. Веројатно резултатите од тие појави ќе се видат на пролет.“

 

pceliВо последните 5 години ова е најлошата сезона за пчеларите, укажува Петровски. Неповолната сезона не е карактеристична само за нашиот реон и земја туку и за нашето опкружување, додава пчеларот. По се изгледа медот годинава наместо како храна ќе се продава како лек. Драстичниот пад на приносите на мед веќе  се одразуваат на висината на цената на овој прехранбен продукт, најавува Петровски.

„ Во овие услови се разменуваат  информации со колегите прво за условите за пчеларството, но  и за цената. Таа веќе има достигнато до 10 евра по килограм во Македонија. Лани го продававме од 250 до 300 денари, а сега медот се продава по двојно повисока цена од лани.“

Во охридското Здружение  има околу 30 -тина регистрирани пчелари иако се претпоставува дека нивниот број е поголем. Од оние кои членуваат во здружението само 10 -тина се посериозни пчелари со поголеми пчелни семејства, вели Петровски. Напоменува дека и понатака помладите лица во охридскиот регион не се заинтересирани за да се бават со пчеларство.

{loadposition content9}