Во охридското одделение на ДИК почнале да пристигнуваат забелешки за избирачкиот список
Во охридското одделение на ДИК почнале да пристигнуваат забелешки за избирачкиот список .
Охриѓани почнаа да го проверуваат единствениот избирачки список објавен на интернет адресата на ДИК. Некои веќе провериле, а дел од граѓаните кои ТВМ ги анкетираше се уште не направиле увид во списокот.
Од подрачното одделение на ДИК не беа расположени за многу коментар. Раководителот на одделението кажа дека е на годишен одмор, а колегите се на состанок во Скопје во ДИК. За прашањата кои сакавме да добиеме поконкретни одговори повика на трпение. Кратко само напомена дека до нив веќе има избирачи кои доставиле забелешки. Најчесто избирачите реагирале на адресата на живеалиштата која им била променета.
Гласачите се соочуваат и со други прашања меѓу кои се иселување на членови од семејствата меѓу двата изборни процеси а кои сеуште фигурираат на единствениот избирачки список. На кој начин ќе се регулира тоа, раководителот на подрачното одделение уверува дека ќе се знае наскоро.
Граѓаните, пак кои при проверката на Избирачкиот список објавен на веб страната на Државната изборна комисија ќе утврдат неправилности истите треба да ги пријават во подрачното одделение на ДИК за корекција. При тоа ќе мора да приложат соодветна документација доколку не се запишани во избирачкиот список или доколку треба да се дополнат или избришат податоците во Избирачкиот список во согласност со член 48 од Изборниот законик. Инаку во државава откако беше поставена апликацијата за пријавување на спорни податоци, биле поднесени над 2.000 пријави до ДИК за недоследности во Избирачкиот список.
Пречистувањето на списокот треба да заврши до 15 април.