Skip to main content

Во Прашалник политички препирки меѓу советниците од власта и опозицијата

Политички препукувања и несогласувања меѓу советниците од власта и опозицијата, кои беа гости во дебатната емисија Прашалник на ТВМ телевизија. Според локалната власт во Охрид има градежна офанзива, но опозицијата вели ништо од тоа не виделе.
 |  инфодеск  | 
Прашалник

Политички препирања и несогласувања, беа дел од дебатната емисија Прашалник на ТВМ телевија, на  тема локалните политики.  Градските советници претставници на власта и опозицијата имаат потполно различни ставови и гледишта на сите теми.

Како претставник од власта, советникот Перчо Божиноски  ја пофали локалната  за изградба и ркеонструкција на  голем број улици, канализациона и водоводна мрежа. Божиноски во Прашалник кажа дека над 75% има реализација програмата за комунална инфраструктура.

„ И покрај тешкотиите со кои се соочува локалната власт може да се забележи дека се работи на повќе локации. Започнати се мерењата за реконструкција на улицата Гоце Делчев, моментално се асфалтира и улицата Сатеска. Не постои дел низ градот а да не се види некоја градежна активност. Во овие две години колку што се изградени детски и спортски игралишта мислам дека за седум години Агенцијата за спорт нема изградено”, рече Перчо Божиноски.

Советничките од СДСМ  Живка Анѓелоска и Левица Виолета Аврамоска сосема спротивно, велат   не виделе ништо од градежната офанзијва.

„Јас не ја гледам, веројатно колегата Божиноски ја гледа, јас не сум ја видела. Акос е погледне реализацијата на буџетот која што ја разгледувавме пролетта тогаш ќе имате претстава дека со градот раководи една генијална власт  затоа што реализацијата на програмите од комуначната инфраструктура беа со 99 а имаше дури и такви програми со 100%. Меѓутоа ако прошеташ низ градот ќе видиш дека бројките се друго а реалната ситуација сосема друго”, одговори Анѓелоска.

„Она што јас сега го гледам е веќе реконструкција на веќе реконструирани тротоари. Еве конкретно тротоарот на Туристичка ако не се лажам тој тротоар беше реконструиран пред три четири години И сега пак гледам дека бекатон плочите пак се вадат. Со децении се случува асфалтираме веќе асфалтирани улици, асфалтираме па ја копаме истата улица, за канализација или за нешто што се испуштило да се сработи и така се трошат нашите пари недомаќински”, одговори Аврамоска.

И кога треба да кажат барем еден убав збор или пофалба за политичкиот опонент и тогаш сите се штедат. Немаат убави зборови,  ниту исти мислења и ставови.

За останатите теми јавните претпријатија,кономската криза,  крупните проекти, вработувања  и слично погледнете ја  емисијата Прашалник на Јутуб каналот на ТВМ телевизија.

Новинар Соња Рилковска