Во Општа болница Охрид недостасуваат рендгенолози
Во Општа болница Охрид недостасуваат рендгенолози.
Одделението за радиологија при општа болница Охрид остана без специјалисти рендгенолози. Во моментов болницата располага со еден рендгенолог ангажиран на одделот за компјутерска томографија. Директорот на болницата д-р Љубен Арнаудов информира дека го известил ресорното Министерство и покренал иницијатива да се најдат излезни решенија за настанатата ситуација од недостаток на специјалисти рендгенолози. За нормално да се одвиваат болничките прегледи на болницата и се потребни минимум тројца рендгенолози, вели д-р Арнаудов. Засега болницата располага со доволно технички кадар од средна стручна спрема.
Во меѓувреме, установата и ресорното министерство одобриле една специјализација. Министерството одлучило да се ангажираат специјалсти од другите здравствени установи, укажува директорот Арнаудов . Доктор специјалист од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ два пати неделно ќе доаѓа за да ги изготвува дијагностичките извештаи. Докторите од Општа болница Струга ќе бидат на приправност една недела во текот на месецот за да ја покриваат охридската болница.
Министерството за здравство, ќе има дава можност на пензионираните доктори од земјава кои се чувствуваат способни, работно да се ангажираат во болницата. Д-р Аранудов нагласува дека од 2008 година алармираат за потребите на болницата од разни профили на специјалисти. Во моментов од болницата се одобрени 8 специјализации од повеќе области меѓу кои и од рендгенологија, психијатрија, гинекологија и анестезиологија.
{loadposition content9}