Skip to main content

Во ОУ „Братство Единство“ несекојдневен пример на солидарност

Во ОУ „Братство Единство“ несекојдневен пример на солидарност.

 |  Валентина Неловска  | 
Bratstvo
Bratstvo

skolaПетнаесетмина професори од охридските средни и основни училишта чекаат разрешница од поднесените приговори до Училишните одбори. Тие реагирале на казните кои ги изрече Државниот испитен центар  за потфрлување на резулатите од екстерното тестирање.  Од почетокот на ноември па се досега Училишните одбори во некои училишта се прогласиле за ненадлежни , во некои се состанувале по два трипати и сеуште не донесле конечни одлуки по приговорите. Конечна одлука има само во гимназијата Св. Климент Охридски  каде што се одбиени двата приговори од професорите. Наставниците имаа право за добиените решенија од ресорното министерство да поднесат приговори не само до училишните  одбори туку и до  СОНК. Од СОНК информираат дека на професорите им понудиле безплатна правна помош, но досега на нивна адреса не се обратил нити еден професор. Просветните работници на кои учлишните одбори ќе им ги одбијат приговорите правда ќе може да бараат по судски пат.

И додека казнетите професори од охридските средни и основни училишпта чекаат разрешница во ОУ „Братство Единство“ има несекојдневен пример на солидарност.  26 наградени наставници  дел од паричниот износ ќе издвојуваат за подмирување на паричните казни за тројца нивни  колеги, информираат од ова училиште.
Инаку, Твм пред еден месец ја објави состојбата со казнетите наставници по училиштата во градов.
 brattsvo                                             
ОУ Св.Климент Охридски                 1
ОУ Христо Узунов                                нема
ОУ Братство Единство                       3
ОУ Кочо Рацин                              нема
ОУ Григор Прличев                             нема
СОУ Св.Климент Охридски (гимназија)     3
СОУ Ванчо Питошески (угостителско)       1
СОУ Св.Наум Охридски (ЕМУЦ)                   4
СОУ Св.Кирил и Методиј (еконмско)          4

На казнетите наставници во тек на една година ќе им се одземаат 15% од  платата што во просек би било околу 3000 денари месечно.  
Според Законот за средно и основно образование  наставниците кои по спроведеното екстерно тестирање ќе добијат три години по ред негативни оценки од ресорното министерство им се заканува отказ од работното место. 

{loadposition content9}