Во ОУ „Братство Единство“ пристигна мулти културниот караван
Во ОУ„Братство Единство“, од Велес пристигна мултикултурниот караван со мешан етнички состав на ученици од повеќе училишта од земјава.
Во ОУ „Братство Единство, од Велес пристигна мултикултурниот караван со мешан етнички состав на ученици од повеќе училишта од земјава. Во овој необичен караван се вклучени училишта со мешан етнички состав, па децата ќе се дружат и меѓусебно ќе се запознаваат, вели преставникот од Министерството за образование и наука, Исмаил Демировиќ.
„ Децата да се интегрираат, заедно да се дружат за да ги надминат етничките и јазичните разлики кои се мeѓу нас, не прават различни, а сме сите исти. Децата од најмала возраст да другаруваат и да ги надминуваат спротивностите“, вели за целта на проектот Демировиќ.
Мултикултурниот караван е финансиски поддржан од Норвешката амбасада и Карлството Норвешка, а се вклучени 8 општини од земјава. Локалните самоуправи ги избраа училиштата, а изборот на децата кои ќе учествуваат во патувачкиот караван е на самите училишта. Од ваквото меѓусебно дружење се очекува приближување и поголемо разбирање на учениците од сите три етнички заедници кои учат во ова училиште, вели професорот по математика од „Братство Единство“, Борис Лушески.
„ Нашите уечници да се запознаат повеќе , сег аработиме во етнички смени и целта е да се дружат и д аучат во мешани смени. Така се работело пред 10-15 години , но се престанало од различни причини,“ ги објаснува очекувањата од учеството од овој проект и професорот Лушески.
Патувачкиот мултикултурен караван со учениците од повеќе општини од земјава денес и утре ќе престојува во нашиот град. Учениците ќе имаат разглед на културно историските споменици и верски објекти, а потоа заминуваат за Крушево.
Учениците од ОУ „Братство Единство“ на трите јазици, македонски, албански и турски, на своите другарчиња учесници во каравот им посакаа топло добредојде со пригодна забавна програма.
{loadposition content9}