Во ОУ „Ванчо Николески“ се одбележаа денот на шегата и денот на акцијаштвото. Во ОУ „Ванчо Николески“ се одбележаа денот на шегата и денот на акцијаштвото
Со заедничка работа учениците ги споија шегата и еко свеста и покажаа дека промените стартуваат од својата околина. Училишниот двор го разубавија со рециклирани гуми и порачаа гумите да не се горат и да не ја загадуваат животната средина.
Основците од Ванчо Николески од Лескоец го одбележаа Први април денот на шегата и денот на акцијаштвото. Учениците на настанот му дадоа и сериозен еколошки дух. Од рециклирани гуми изработиле декоративни и корисни предмети кои го красат училишниот двор. Учениците членови на акцијашкиот клуб Брег на младоста одлучиле денешниот ден да го одбележат со акцијата „Гумата не гори ја, за украс обои ја“ упатувајќи порака дека промените стартуваат од себе, од својот двор, од својата околина.
„На тој начин сакавме да покажеме дека треба да се грижиме за местото во кое учиме и живееме. Идеата како најдобра беше поддржана од претставници на Здружението „Брег на младоста“ и сите заедно го реализиравме овој проект. Горда сум дека стигнавме од идеа до реализација и научивме дека треба да сме акивни во средината во која живееме, за да бидеме позитивен пример за останатите“, рече ученичката Искра Парулеска, член на „Брег на малдоста“ од ОУ „ Ванчо Николески“.
Теа Петкоска, претседател на Клубот на млади волонтери, акцијаши на Здружението „ Брег на младоста“ им се заблагодари на сите кои активно учествуваа о едномесечната реализација на проектот. Во акцијата се вклучија волонтери, наставници, Локалната самоуправа, јавни и приватни претпријатија.
„Да ве поздравам и да Ви го честитам вашиот несебичен ангажман за активно и креативно вклучување за разубавување на просторот на училиштето и локалната заедница, вградувајќи се себе си во создавање на трајни вредности, подигнување на заедничката и својата свест и позитивни промени во нашата животна средина“, рече Петкоска.
Ние сме училиште со традиција кое организира често вакви настани поврзани со екологијата, напомена Елена Ел Нади, директор на ОУ Ванчо Николески.
„Овој денешен ден на шегата решивме да го претвориме во еко априлијада. За тоа „виновни“ се учениците членови на здружението Брег на малдоста. Заради оргиналната идеа ги поттикнаа и другите членови на здружението овој настан да се случува во училишниот двор“, рече Ел Нади.
Оваа акација ќе биде мотивација да се прошири и во останатите основни и средни општински училишта и во Дебрца каде што има волонтери и акцијаши од здружението „Брег на младоста“. Оваа здружение во општина Охрид и Дебрца брои над 200 членови.