Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид
Во петок акција кабаст и зелен отпад во населба Бараки
Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 23.05.2025 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) и зелен отпад (зелен отпад од уредување на дворни површини и градини) од У.З.12 „Гоце Делчев” (населба Бараки).
–Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 23.05.2025 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, велат од претпријатието.
Од таму додаваат дека отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.







