Skip to main content

ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид

Во петок хуманитарен музичко-сценски настан „Тркало на времето“

Традиционално, и оваа година средношколците од ОСУ „Св. Климент Охридски” – Охрид организираат музичко-сценски настап од хуманитарен карактер.
 |  инфодеск  | 

Традиционално, и оваа година средношколците од ОСУ „Св. Климент Охридски” – Охрид организираат музичко-сценски настап од хуманитарен карактер.

На 09.05.2025 година дворот на ОСУ „Св. Климент Охридски” – Охрид гимназијалците ќе ви се претстават со музичко-сценски настап кој сигурно ќе ги плени вашите срца. Како и секоја година настанот е тематски, а годинава ќе слушнете прекрасна музика од 60тите години па наваму. Годинава истиот е посветен на настаните од Кочани!, велат од гимназијата.

Картите ќе бидат во продажба од понеделник, 05.05.2025, а настанот ќе се одржи со почеток во 20 часот.

-Бидите и вие дел од најголемиот средношколски настан во нашата држава!, порачуваат гимназијалците.