Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди, информираат од УХМР.
Во петок попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Локален дожд ќе има и во сабота. Во недела ќе дува засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата.
Според прогнозата, утре минималните температури ќе се спуштат до нула степени, а максималните ќе достигнат 20. За време на викендот максималните температури ќе бидат меѓу 15 и 19 степени.