Bo петок на 18.08.2023 во 21 часот во Велестово свечено ќе биде отворено јубилејното 35-то издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“.
На свеченото отворање ќе биде промовирана книгата САМОДИВИ (панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес) проследено со поетско читање.
Учесници: Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Лидија Димковска, Снежана Стојчевска, Делвина Крлуку, Љубица Шопова, Сузана Мицева, Павлина Атанасова и Марија Велинова.
Ќе следува интернационално поетско читање со учесниците Феликс Шилер (Германија), Албан Туфа (Албанија) и Шпетим Селмани (Косово).
Во 22:30 часот ќе биде отворена ликовна изложба на дела од сликарот Тони Попов вотремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово.
Програмата на Поетска ноќ во Велестово продолжува на на 19.08. во сабота. Во Конгресен центар на УКИМ во Охрид, покрај Охридското Езеро во 17:00 часот ќе биде промовирана книгата „Ново раѓање на зборот – антологија на македонската млада поезија“, избрале и уредиле Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски. Промоцијата на книгата и поетското читање е во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.
Поети учесници: Ивана Јовановска, Андреј Медиќ Лазаревски, Марија Велинова, Исток Ј. Улчар, Павлина Атанасова, Макрина Јорданова, Емануела Ковачевска Китановска, Јована Стаматовска.
Во 18:00 ч. следува Поезија – Залез: Интернационално поетско читање во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.
Учесници: Феликс Шилер (Германија), Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово), Марија Костиќ (Србија), Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Снежана Стојчевска, Сузана Мицева, Љубица Шопова и Делвина Крлуку од Македонија.
Во недела, 20.08.2023 од 11:00 до 13:00 часот во Гимназија „Св.Климент Охридски“, Охрид ќе се одржи Работилница за креативно пишување и дијалог преку преведување поезија, наменета за млади – OH READ #2 .
Учесници: Ученици од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ и други млади луѓе, млади поети, писатели и/или преведувачи.
Поети: Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово), Марија Костиќ (Србија) и Павлина Атанасова (Македонија). Сите други поети се добредојдени да се приклучат.
Во 18:00 ч. вокафе и бар ШИЛА, Охрид Интернационално поетско читање (I): Павлина Атанасова (Македонија), Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово) и Марија Костиќ (Србија)
Во 19:00 ч ќе се одржи Дебата за важноста на литературните преводи со учесниците и публиката.
Интернационално поетско читање (II): Феликс Шилер (Германија), Перица Сарџоски (Македонија) и Андреј Медиќ Лазаревски (Македонија).
САМОДИВИ: Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Снежана Стојчевска, Делвина Крлуку, Љубица Шопова, Сузана Мицева и Марија Велинова.
Носители на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово се Здружение “Поетска ноќ Велестово”, Комисија за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија. Поддржано од Општина Охрид и Министерство за култура.
Графичкото решение на постерот за годинешното јубилејно издание на Поетска ноќ во Велестово е посветено на враќањето на Европскиот елен на Галичица.