Skip to main content

Црвен крст

Во полн ек е хуманитарната акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“

Остануваат уште 3 дена за оваа акција и уште неколку неискористени волшебни лампиони со новогодишни желби на децата кои живеат во социјален ризик.
 |  инфодеск  | 

Во полн ек е хуманитарната акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ што ја спроведуваат Црвен крст Охрид во соработка со KAM Village, а наменета е за помош на децата од социјално загрозените семејства. Волшебната елка накитена и поставена во комплексот KAM Village, покрај обичните, содржи и волшебни лампиони во кои се напишани новогодишни желби на деца во социјален ризик од Охрид и Дебрца.

„Благодарност до голем број наши сограѓани што од почетокот на акцијата на 08.12.2023 до денес учествуваат во оваа акција земајќи од волшебните лампиони, обезбедувајќи/набавувајќи ги напишаните желби/подароци и донесувајќи ги подароците на рецепцијата во хотелот Village или во Црвен крст Охрид.“ – велат од Црвен Крст Охрид.

Остануваат уште 3 дена за оваа акција и уште неколку неискористени волшебни лампиони со новогодишни желби на децата кои живеат во социјален ризик.

Доделувањето на новогодишните подароци на децата од ранливите категории ќе се реализира на предновогодишната забава, околу елката во комплексот KAM Village на 23.12.2023 г. (сабота) од 12 ч.