Во понеделник (09.12.2024) во 12 часот на Градскиот стадион ќе се одбележи официјалниот почеток на реконструкцијата на западната трибина. На настанот предвидено е да бидат присутни претставници на ФФМ и градоначалникот Кирил Пецаков.
За овој проект обезбедени се финансии од ФФМ. Ќе се обноват и јужната и северната трибина со финансии обезбедени од општина Охрид.
Проектот за изградба на новата западна трибина беше предаден од страна на ФФМ до Општина Охрид во октомври годинава.