Skip to main content

Во пораст приходите од продадени влезници во Самоилова и Заливот на коските


Во  Завод и музеј во пораст се приходите од продадени влезници во Самоилова тврдина и во Заливот на коските. Според остварениот приход од посетите на културно- историските локалитети  првото место го држи Самоилова тврдина. Во иднина , институцијата има намера  трендот на растечките приходи да го стимулира со осмислување на  нови содржини. 

 |  Валентина Неловска  | 

Во касата на НУ Завод и музеј, во мај и јуни годинава, се инкасирале скоро двојно повеќе пари од продажба на влезници во два културно историски објекти, во споредба со истите месеци од минатата година. На Самоиолова тврдина во јуни годинава е остварен приход од продадени влезници во висина од 700.000 денари , а во мај 680.000 денари. За дват а месеци, пак минатата година биле инкасирани по 360.000 денари во јуни , а во мај 375.000 денари, информира Елеонора Новаковска директор на НУ Завод и музеј. Овој приход е резултат на продадени влезници и ваучери од туроператори со кои Завод и музеј има склучено договори за посети. Од установата не можат да прецизираат точна бројки на посетители, но посетеноста Самоилова и Градиште има нагорен тренд.

„Цифрите ме изненадија. Немам статистички податоци за бројот на посетители за мај / јуни 2017 година и за оваа година. Но, внесов некои промени во начинот на работа во насока на поголема посветеност во работата на вработените“, напоменува Новаковска.


Кога станува збор за туристичките посети на културно- историските локалитети во Охрид и околината првото место го држи Самоилова тврдина

„Кога ќе се изразиме по бројот на посетители тој на Самоилова тврдина е секогаш поголем. Туристите се во градот, а во Градиште се оди специјално со превоз. До Самоилова тврдина се доаѓа пешки и е водечка по посетеност“, вели Новаковска.

Во Градиште, во локалитетот Залив на коските, ситуацијата е поинаква и по основ на инкасирани средства од продажба на влезници. И тука има пораст на приходот од 30 д0 50 посто но се инкасираат пари не само од продажба на влезници туку и од трговска стока и од проджна на пијалок, кажува Новаковска и додава дека новини во работењето има и во овој објект.