Во пожарот кој настана во саботата на возило на бул. Туристичка со повреди се здобило лицето кое помагало во спасување на патниците.
На 22.07.2023 година во 12.55 часот, во возило „сеат алхамбра” со охридски регистарски ознаки, што го управувала Ј.Б.(40) селото Мешеишта, општина Дебрца, кое се движело по булеварот „Туристичка” во Охрид, настанал пожар, се вели во денешниот полициски билтен.
“Во пожарот со телесни повреди се здобил М.О.(31) од Охрид, кој помагал при вадење на патниците од возилото и тој бил пренесен во Општата болница во Охрид. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Охрид, а увид извршила увидна екипа на СВР Охрид.“ – информираат од СВР Охрид.
Фото: Ohridnet