Skip to main content

Во предворјето на црквата Св. Софија се одржа првиот академски час на ФТУ

Во предворјето на црквата Св. Софија се одржа првиот академски час на Факултетот за туризам и угостителство за учебната 2021/2022 година. Свечениот час го отвори Претседателот на студентското собрание на ФТУ – Игор Пешевски кој им посака топло добредојде на новите колеги. Свое обраќање имаа и Продеканот Проф. Д-р Александар Трајков, деканот Проф. Д-р Цветко Андреески и ректорот на УКЛО Проф. Д-р Сашо Коруновски, како и претставник од СН Осигурителен Брокер АД Битола и директорот на студентскиот дом „Никола Карев“.

 |   | 

Во предворјето на црквата Св. Софија се одржа првиот академски час на Факултетот за туризам и угостителство за учебната 2021/2022 година. Свечениот час го отвори Претседателот на студентското собрание на ФТУ – Игор Пешевски кој им посака топло добредојде на новите колеги. Свое обраќање имаа и Продеканот Проф. Д-р Александар Трајков, деканот Проф. Д-р Цветко Андреески и ректорот на УКЛО Проф. Д-р Сашо Коруновски, како и претставник од СН Осигурителен Брокер АД Битола и директорот на студентскиот дом „Никола Карев“.

 

Факултетското Студентско Собрание претставува орган на ФТУ т.е. единствено легитимно тело каде што студентите имаат своја организација. Целта на ФСС е подобрување и развој на студентскиот стандард – истакна Претседателот на ФСС, Игор Пешевски.

Тој апелираше до новите студенти активно да се вклучат и да учествуваат во работата на ФСС. Пешевски се заблагодари за големата поддршка од страна на професорите и управата на факултетот. Студентите кои минатата година активно учествуваа и работеа за ФСС добија плакети, со што ФСС им се заблагодари за залагањето. За крај додаде „Ова да биде добар пример за понатаму, дека оние студенти кои работат и се трудат, на крајот нивната работа ќе се исплати!“

На свечениот час се обрати и директорот на студентскиот дом „Никола Карев“ кој изјави дека студентите го направиле вистинскиот избор и ги покани да го посетат студентскиот дом.

Од името на компанијата СН Осигурителен брокер АД Битола новите бруцоши ги поздрави м-р Александра Дуковски. Таа ја нагласи стратешката соработка што СН Осигурителен брокер ја воспостави и развива со УКЛО – Битола, а се однесува на реализација на практична настава на студентите од студиската програма по Осигурување во компанијата, стипендии и вработувања на студенти од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, наградни конкурси за студентите од насоката Осигурување и слични активности во насока на поврзување на образованието и практиката. Таа им посака на студентите среќна и успешна студиска година, со надеж дека некои од нив во иднина ќе бидат дел од тимот на СН Осигурителен брокер АД Битола.

Продеканот за настава Проф. Д-р Александар Трајков даде свое излагање и ги запозна студентите со работата на ФТУ. 

Нашиот факултет е еден од најстарите факултети во Македонија и дел од вториот најстар Универзитет Св. Климент Охридски-Битола. Ќе работите со повеќе од 33 професори- доктори на науки од соодветните области на студирање и ќе имате извонредни услови за студирање како што се современо опремени предавални, амфитеатар, кујна, бифе, библиотека, компјутерска училница и ќе имате пристап до учебници и учебни помагала. Факултетот е авангарда во високото образование во Македонија и нуди студиски програми кои се во склад со побарувачката на труд. Факултетот нуди можност за користење државни стипендии, но истотака и европски стипендии кои би им овозможиле бесплатно студирање во странство – потенцираше Проф Д-р Трајков.

Деканот, Проф. Д-р Цветко Андреески апелираше до новите академски граѓани, тие да бидат промотери на знаењето и културата на ФТУ и културата на Охрид. Тој информираше дека студентите ќе имаат можност да работат и со професори од странство. Поради пандемијата, наставата ќе се одвива на хибриден начин, дел од наставата ќе се одвива online, а дел со физичко присуство.

Ректорот на УКЛО, Проф. Д-р Сашо Коруновски нагласи дека “образованието е најважниот ресурс на 21век, образованието е нафтата на 21век”. Тој посебно ја нагласи симболиката на локацијата – мудроста која произлегува од учењето и стекнувањето на нови знаења. За крај, ректорот ги мотивираше бруцошите со мислата „Човек учи додека е жив.“