Во препораките на Унеско се нотирани и препораки за постапки за реката Сатеска и депонијата Буково
За враќање на старото корито на Сатеска и изработен проект за финасирање од УНДП. Според градоначалникот најтешко решлив проблем од сите препораки на Унеско е депонијата на Буково.
Во 19 те точки кои се нотирани од страна на Унеско за Охрид да не биде ставен на листата загрозени подрачја заштитени под Унеско, градот Охрид и државата ќе треба да бараат решение за реката Сатеска и депонијата на Буково. Треба да се постапува за враќање во старото корито на реката Сатеска, за што веќе се преземени конкретни зафати, информира градоначалникот Константин Герогиески.
„ За реката Сатеска се изработува проект финансиран од UNDP за враќaње во старото корито. Следнава недела ќе имaмe информација до каде е проектот “, укажува Георгиески.
Пред градот и државата сериозен проблем за кој допрва треба да се бара решение е депонијата на Буково, вели првиот човек на Охрид, Георгиески. Според препораките депонијата на
Буково треба да биде затворена до 2020 год. Ние ќе продолжиме да имплементираме дел по дел од препораките по што ќе имаме позитивен фидбек од Унеско , вели градоначалникот.
„ По мое лично мислење следејќи ги препораките и постапките по кои сме постапиле, препораката за решавање на депонијата Буково е најтешко решлива од сите тие препораки. Таа е една од ретките препораки по која ништо досега не сме направиле. Но , Унеско не бара од нас да ги завршиме и имплементираме до февруари“, вели Георгиески.
На последната седница Комитетот за светско наследство на Унеско побарал да се понуди и алтерантивна рута за пругата и автопатот кон Албанија. За тоа прашање веќе била изготвена Физибилити студија, напоменува Георгиески за останатите точки по кои треба да се постапува по препораките на Унеско.