„Попладневно поетско матине” се одржа во просториите на Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“. Се читаше проза и поезија од пензионери автори од општина Охрид.
Матинето е организирано од Женски Центар ,,Бисера” од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи”, координиран од Црвениот крст на Република Северна Македонија и Црвениот крст на Србија и поддржан од Европската Унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.