Skip to main content

Во Робевци ќе блесне Златната соба чие отварање се одложува веќе седум години

Во Робевци ќе блесне Златната соба чие отварање се одложува веќе седум години.

 |  Валентина Неловска  | 
zlatni predmeti
златни предмети

Во Робевци ќе блесне Златната соба чие отварање се одложува веќе седум години. Јавното изложување на златните археолошки екпонати од охридските локалитети се одлага иако  е подготвено техничкото обезбедување. Сепак по  безброј одлагања нејзиното отварање се највува за годинава.  Презентирањето на досега пронајдените златни екпонати на охридските археолошки локалитети зависеше од печатењето на каталогот кој требаше да го изработи археологот Паско Кузман.  Директорката на Завод и музеј Тања Паскали Бунташеска тврди дека златните експонати оваа година конечно ќе излезат на виделина од музејското депо пред очите на јавноста.
maska
„ Сигурно во тек на оваа годинa ќе биде отворена. Во печат е даден каталогот кој долго се очекува и нема други пречки за да може да биде отворена златната соба за да се презентира што поседуваме како музеј од археолошките истрaжувања каде се откриени златни предмети.“  

Од  Завод и музеј ќе го подноват Музејот. Конкурирале до Турската Интернационална Агенција за Соработка и Развој (ТИКА) со проекти за санација на ентериерот и изработка на нови изложбени витрини во музејот на Робевци. Очекуваат да ги добијат и грантовите од Тика и САД за реализација на конзервација и на други културно- историски споменици. Со проект до американската амбасада конкурирале за добивање на грант за продолжување со конзервација на фреско живописот на црквите Св. Богородица Заумска кај Трпејца и  Св. Ѓорѓија во Струга.

zaumИсто така конкурирале  до ТИКА и за добивање финансиска помош за конзервирање на Мустафа Челеби џамијата во Струга.

„ Изработен е проект за конзервација на џамијата во Струга која беше срушена пред две години. Во преговори сме со  ТИКА и секој момент очекуваме да ни бидат одобрени финансиска средства и да отпочне со реализација на овој проект.“

Покрај овие покрупни зафати во престојниот период ќе се конзервираат и дрвени и текстилни  етно предмети. Има најави дека ќе продолжат и со откупот на етнолошки предмети. Од Завод и музеј продолжуваат со конзервација на оружјето пронајдено при подводните археолошки истражувања во Охридското езеро.

{loadposition content9}