Skip to main content

Ј.П. „Охридски Kомуналец“

Во сабота акција за собирање кабаст отпад

Акција кабаст отпад на 13.05.2023 год (сабота) во опфат Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Македонија и Охридати.
 |  инфодеск  | 
кабаст отпад акција

Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 13.05.2023 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од реонот опфатен со границите на улиците Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Македонија и населба Охридати

„Граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 13.05.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.“ – информираат од ЈП Охридски Комуналец.

Кабастиот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад.