Skip to main content

Во сабота во Охрид ќе се одржи „Генералка викенд“

Според досега објавените локации, на 8 мај од 10:00 часот ќе се чисти кај комплексот Св.Наум, а на 9 мај дел од крајбрежјето (Рача) и кај Конгресниот центар.
 |  инфодеск  | 

Од 8 до 10 мај ќе се одржи шестото издание на националната иницијатива за чистење за почиста и позелена иднина „Генералка викенд“, а и годинава во рамки на истата ќе се чисти и во Охрид.

Иницијативата е плод на соработка помеѓу Сороптимист клубот МОМА Охрид, Општина Охрид, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, клубот Сороптимист Вадуц и нашиот стратешки партнер за управување со отпад, австриската компанија Саубермахер. Според програмата на 8 мај, петок, ќе биде поставена донираната урбана опрема која се состои од 6 нови контејнери за отпад, 3 дозери (држачи) за хигиенски ќеси за миленици и 5 специјализирани канти за одлагање опушоци.

Покрај Охрид, ќе се чисти и на повеќе локации во соседните општини Струга и Дебрца, како и во Вевчани.

Целта на акцијата што ќе се реализира во сите општини во Република Македонија е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата. Од почетокот во 2021 година, повеќе од 100.000 волонтери од 81 општина собраа повеќе од 1.500.000 килограми отпад за време на „Генералка викенд“.