Skip to main content

Во сабота ќе се одржи 37. издание на Охридскиот пливачки маратон

Оваа година маратонската трка на 25 километри е дел од престижната „LEN World Aquatics“. На маратонот ќе учествуваат 19 пливачи од 9 држави, од кои 11 во машка и 8 во женска категорија.
 |  инфодеск  | 
Пливачки маратон

Во сабота на 31-ви август ќе се одржи 37-то издание на најпознатата меѓународна пливачка манифестација во Македонија – Охридскиот пливачки маратон, кој е симбол на Охрид и Охридското Езеро, информира градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Маратонот ќе започне во 11 часот на стартната локација „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид.

Оваа година маратонската трка на 25 километри е дел од престижната „LEN World Aquatics“. На маратонот ќе учествуваат 19 пливачи од 9 држави, од кои 11 во машка и 8 во женска категорија.

Охридскиот пливачки маратон и оваа година е дел од Ohrid Water Festival. Организатор на маратонот е Општина Охрид со поддршка на Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор на настанот е ПК „Охридски бранови 2008“ од Охрид.