Skip to main content

Општина Дебрца

Во Сливово одбележани 80 години од формирањето на Првата Македонско – косовска ударна бригада

11 Ноември е и Патронен празник на ООУ Дебрца – Белчишта. По тој повод учениците и наставниците со пригодна свеченост под мотото “Ние сме деца на иднината” го одбележаа патрониот празник.
 |  инфодеск  | 

Денеска во селото Сливово беше одбележан јубилејот- 80 години од формирањето на Првата Македонска-косовска ударна бригада. Делегации од Општина дебрца и ОО на Сојузот на борци од НОБ од Охрид и Дебрца и граѓани продолжувачи положија букети свежо цвеќе пред меморијалниот споменик Спомен-чешма со мозаички сцени во центарот на селото каде што на 11 ноември  1943 година е формирана Првата македонско-косовска бригада.

Македонија е држава која е родена на придобивките на НОБ,олицетворени преку историските одлуки на АСНОМ, во 1944 година ,кои практично претставуваат остварување на вековните идеали на македонскиот народ за создавање на своја државност и самостојност, рече во своето обраќање пред присутните, градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески.

„Тие придобивки во голема мера се исковани во Дебрца, првата слободна територија во НОБ, која жестоко се спротивставила на фашизмот. Затоа, наша и на идните генерации света должност е тие придобивки да ги чуваме и негуваме, бидејќи на тој начин си ја чуваме државата.“ – потенцира Ногачески.

Во рамки на одбележувањето беше одржан историски час и посетена Спомен соба од НОБ во Белчишта.

11 Ноември е и Патронен празник на ООУ Дебрца – Белчишта. По тој повод учениците и наставниците со пригодна свеченост под мотото “Ние сме деца на иднината” го одбележаа патрониот празник.