Skip to main content

СВР Охрид

Во сообраќајка на „Абас Емин“ повредена 65 годишна жена од Австралија

Од најновиот билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

На 25.06.2025 во 14.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Абас Емин“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 49 годишно лице од селото Долно Лакочереј, охридско, удрило во 65 годишна жена од Австралија, со престој во Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.