Skip to main content

Во сообраќајка повредена 19-годишна девојка

19-годишна девојка се здобила со тешки телесни повреди откако возило удрило во нејзиниот велосипед на кружен тек во Охрид.
 |  инфодеск  | 
Полиција несреќа

На 27.09.2022 во 21:35 часот во СВР Охрид, пријавено е дека околу 19 часот на кружната крстосница од улиците „15-ти корпус”, „7-ми ноември”, „Железничка” и „Ристо Чадо” во Охрид, патничко моторно возило „шкода октавија”, управувано од Љ.С.(54) од Охрид, удрило во велосипед управуван од М.Џ.(19) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Џ. констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо” во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.