Skip to main content

Во сообраќајка во Велгошти повредени три лица

Во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило „шкода” со охридски регистарски ознаки и мопед „лонгиа” со охридски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Лешани.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

На 10.03.2025 во 19.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во селото Велгошти, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода” со охридски регистарски ознаки, управувано од 24 годишно лице од с.Велгошти и мопед „лонгиа” со охридски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Лешани, општина Дебрца.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од мопедот, а со телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал мопедот и возачот на возилото, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид и Општата болница – Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.