Skip to main content

Служба за превентива – ЈЗУ Здравствен Дом Охрид

Во среда бесплатна вакцинација против сезонски грип, без закажување

Вакцини ќе се аплицираат на влезот во Општа болница Охрид, кај  Службата за вакцинација во периодот  од 15 до 17 часот.
 |  Маја Савиќ  | 

Голем интерес кај охриѓани за бесплатната вакцинација против сезонски грип.  Поради тоа Службата за вакцинација  на 22ри ноември, во среда, повторно ќе врши имунизација против сезонски грип на граѓани без оглед на возраст и без закажан термин. Вакцината ке биде бесплатна.

Вакцини ќе се аплицираат на влезот во Општа болница кај  Службата за вакцинација во периодот  од 15 до 17 часот.

Екипите за теренска вакцинација во рамки на кампањата за имунизација „Од врата до врата“ во која што е вклучена Службата за превентива на деца и младинци при ЈЗУ Здравствен Дом Охрид во среда во текот на денот ќе биде во градот при што ќе бидат опфатени децата кои поради разни причини пропуштиле некоја вакцина од редовниот календар.  

Оние граѓани кои сакаат да бидат вакцинирани против сезонски грип, но не се во можност да дојдат во Службата за вакцинација, ќе можат да ја примат вакцината во домашни услови доколку се  јават на телефон 071 366 564 и да остават соодветни податоци, информира Раководителката на службата за превентива,  Д-р Соња Мариноска..

Утре, 21-ви ноември, екипата за теренска вакцинација ќе биде на терен во Орман, Лакочереј, Велгошти, Лескоец, Косел и Куратица. Вакцинацијата започнува од 9 часот, во училишните дворови и  месните заедници.