Во среда и четврток на ФТУ ќе се одржи гастрономско-едукативен настан
Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, во соработка со македонската асоцијација на шефови на кујни Гастромак и Општина Охрид, организира гастрономско-едукативен настан кој ќе се одржи на 9-ти и 10-ти октомври 2024 година.
На 9-ти октомври, со почеток во 13:00 часот, ќе се одржи пресконференција во амфитеатарот на факултетот на која ќе говорат:
– Г-ѓа Вања Тодоровска, портпарол на Гастромак,
– Доц. д-р Климент Наумов, раководител на катедрата по гастрономија при ФТУ-Охрид и
– Д-р. Кирил Пецаков, градоначалникот на Општина Охрид, главен подржувач на овој настан
Овој настан на локалната гастрономска сцена ги носи познати имиња од светската и балканската гастрономија како Изток Легат (Словенија), Уве Мишел (Германија), Стево Карапанџа, Драгица Лукин (Хрватска), Дон Давид (Русија), Вуко Митровиќ (Црна Гора), Жељко Невен Бремец (Хрватска), Хамид Хаџиќ (БиХ) и Асан Даутовиќ (Македонија). Тие ќе одржат теоретски и мотивациони предавања за студентите и пошироката јавност, се вели во соопштението на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид.
На 10-ти октомври, шефовите Драгица Лукин и Жељко Невен Бремец ќе одржат целодневен мастер клас во кујната на факултетот, каде што ќе демонстрираат техники за подготовка на слаткарски специјалитети и традиционални јадења од јагнешко месо.