нови авио линии
Во среда на охридскиот аеродром слетува првиот авион на ТУИ eрвејс од Манчестер
Стартуваат двете нови сезонски авиолинии со ТУИ ервејс Велика Британија, од Манчестер и од Лондон.
Во среда на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид ќе слета првиот авион на ТУИ eрвејс од Манчестер.
Со традиционалната церемонија за добредојде со воден мост и сечење лента ќе бидат пречекани првите патници на оваа нова линија.
Со настанот ќе се одбележи стартот на двете нови сезонски авиолинии со ТУИ ервејс Велика Британија, од Манчестер и од Лондон .
На настанот, според најавата, ќе се обратат генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт; извршниот директор на ТУИ Ервејс Велика Британија за скијање, езера и планини, Крис Логан и Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.


