Во средни охридски училишта денес започна екстерното тестирање на матурантите
Во средни охридски училишта денес започна екстерното тестирање на матурантите.
Матурантите од средните училишта денес започнаа со полагање на екстерно тестирање. Тестирањето ќе се одвива од денес, 25-ти до 29-ти јануари. Матурантите ќе полагаат по два предмети.
Утрово, во некои охридски средни училишта имало доцнење, но подоцна испитот завршил во ред, информираат директорите на четирите општински средни училишта.
Ѕвонко Трпески, директор на гимназијата Св.Климент Охридски информира дека во нивното училиште екстерното тестирање почнало навреме и немало никаво доцнење. Се се одвивало според акциониот план на ресорното министерство. Во термините 9.30 и 11.30 часот полагале 142 матуранти во 2 групи и во 3 кабинети. Утре во 9.30 мин ќе полагаат 73 матуранти.
Во економското училиште „Св. Кирил и Методиј“, директорката Славица Костоска информира дека екстерното тестирање за 137 ученици од нивното училиште почнало со застој од 15 минути заради проблеми со серверот. Сепак подоцна испитот за стотината ученици од економските паралелки и класот од медицинската паралелка течел без проблеми.
Весела Темјаноска од угостителското училиште „Ванчо Питошески“ информира дека во нивната образовна инситуција испитот доцнел 40 минути, за подоцна да се одвива нормално без застој. Со ектерното тестирање опфатени биле 56 ученици од 3 и 4 година.
И во ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ имало мали проблеми со серверот по што испитот протекол во ред. Директорот Јане Цаноски информира дека денес екстерното тестирање го полагале 166 матуранти од 4 година.
Според Државниот испитен центар првите резултати ќе бидат објавени на 8-ми февруари, а приговори ќе можат да се поднесат до 10-ти февруари.