Во Стар град ќе се санираат потпорни ѕидови и улички
Во Стар град ќе се санираат потпорни ѕидови и улички.
Охридската локална самоуправа ќе реконструира помали улички и потпорни ѕидови во Стариот дел на градот. За таа намена од буџетот се издвоени околу 100.000 евра. Распишан е тендер за избор на најповолен изведувач. Со проектот ќе се санираат голем број помали потпорни ѕидови.
„ Во рамките на јавните набавки и градежните зафати ќе се санира потпрониот ѕид кај црквата Панданос кој се одрона минатата година во Варош, како и помали и поголеми ѕидови кај Месокастро , и ѕидините на најпосетуваната црква Св . Јован Канео“, вели Танески.
Најповолниот изведувач ќе треба да ги поправи и да им го врати автентичниот изглед на калдрмисаните улички низ старит дел од градот поплочувајќи ги со камена коцка.
„ Во планот е преуредување на камената коцка во близина на училиштето Св Климент, помал зафат пред Св Богородица Перивлепта , потоа преуредување на коцката кај музејот на Робевци кој е пропаднат, Илинденска и останатите помали улички кои водат кон Самоилова тврдина, Плаошник и кон црквата Св Јован Канео“, вели Танески.
Покрај потпорните ѕидови и улички низ стар дел од градот ќе се доуредува и каналот на реката Грашница покрај улицата „Ариф Мустафа“. Овој проект изнесува 8.500 евра или околу 522.613 денари. Освен уредување на каналот на река Грашница, во рамки на овој повик е опфатено и уредувањето на речното корито во село Пештани.