Skip to main content

Во Старото градско јадро на Охрид не ќе смее да се градат нови објекти, доградби и надградби

Нема нови градби, доградби и надградби во Старото градско јадро во Охрид. Ова го предвидува Предлог законот за измена и дополнување на Законот за старото градско јадро на Охрид како културно наследство од особено значење. Целта на овие измени во законот е да се спречи уништување и деградирање на споменичната целина.
 |  инфодеск  | 
Стар град - Симјаноски

Во Старото градско јадро на Охрид нема  да може да се градат нови објекти, доградби и надградби се до донесување на новите детални урбанистички планови усогласени со заштитата.  Ова е најзначајна новина којашто е предвидена со Предлог законот  за изменување и дополнување на Законот за старото градско јадро на Охрид како културно наследство од особено значење.

Според, министерството за култура, со  измените, ќе се зголеми  заштитата на споменичката целина на Стариот град, согласно препраките на УНЕСКО.

„Усвоен е извештајот за Статусот на природното и културното наследство, извештај кој го усвои владата и веројатно со реактивната мониторинг мисија ќе се утврди на терен од она што се ние сме сакале сме планирале колку на терен  е тоа направено“,  вели Сашо Коруноски  професор по кутлурно наследтсво.

Во пресрет на  Мониторинг мисијата на Унеско во Охридкиот регион, изготвена е и  новата стартегија за туризам, која  предвидува одржлив развој и заштита на културното наследство.

„Една од препораките на Унеско е да се инетрвенира и да се направи еден одрѓлив туризам. Нашата стратегија нашата иснтитуција направија Стратегија и таа е направена согласно сите препораки на Унеско и сите принципи на сите релевантни институции и тела за развој на туризмот, развој кој ќе го унапредува светскиот статус на Охрид а не да го уназадува“, додава Коруноски.

Целта на овие измени во законот е да се спречат дејствија со коишто се врши  оштетување, уништување идеградирање на споменичната целина, која е дел од УНЕСКО.

Во јули се очекува УНЕСКО повторно да расправа за сатусот на Охридскиот регион.

Новинар Соња Рилковска

фото: Ѓоко Симјаноски