Skip to main content

Во стариот дел на Охрид засветија фенерчињата

Во стариот дел на Охрид засветија фенерчињата.

 |  Валентина Неловска  | 
fenercina

На охридските улици се враќаат  автентичните фенерчиња за јавно  улично осветлување. Дел од вкупно предвидените 461 фенер  веќе се поставени и светат на повеќе улички во Варош, Месокастро, Кошишта и Канео.  Во рамките на договорот за модернизација на јавното улично осветлување  досега се заменети 260 светилки, информира  Љупчо Танески портпаролот на Одделението за комунални дејности. Тој ја појасни разликата помеѓу  јачината на лед светилката и обичната  светилка.

fenerce„ Јачината на фенерите е 36 вати од новото лед осветлување кое е еквивалентно на светилките од 150 – 200 вати. На територија на општина Охрид на различни улици во согласност со физибилити студијата се поставени светилки од 21 -25 вати , а на главните сообраќајници од 50 вати како што се Туристичка и Железничка“, напоменува Танески.

Од вкупно предвидените локации,  120 се сосема нови на кои досега немало улично освтелување, а се доста посетувани од туристите. Такви се патеките кои водат кон Канео, Лабино, Плаошник на кои веќе светат  40  фенери. Остантите 80 се распрделени на учиците Климентска, Кузман Капидан,  Кочо Рацин и Кирил и Методиј.  За срцето на чаршијата не се предвидени вакви светилки, вели Танески.

„ По должината на  главната охридска чаршија и старата чаршија остануваат постојните канделабри на кои само ќе се стават лед светилки “подвлекува Танески.

Инаку , новите локации за поставување на фенерите биле одредени на предлог од жителите од стариот дел на градот.   Од Локалната и понатаму се отворени за сугестии од граѓаните на кои локации и каде да се постави ново осветлување.