Skip to main content

Улица димитар влахов

Во строг центар се „плива“ во фекалии

Ваква е состојбата на ул. „Димитар Влахов“ бр. 35. Во центар пливаме во фекалии, а општината нема слух, вели Бојаџиева за ТСТГ.
Улица Димитар Влахов

Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ слики ни испрати нашата сограѓанка Катарина Бојаџиева. Таа е видно револтирана од состојбата во зградата во која што живее. После секој дожд вели „пливаат“ во фекалии. Ова е нејзиниот коментар:

Ваква е состојбата на ул. „Димитар Влахов“ бр. 35. Во центар пливаме во фекалии, а општината нема слух. Молиме и нема крај. Знаат, но не доаѓаат. Само дозволи за згради издаваат, а нема атмосферска канализација во строг центар до општина. Срамота!!! – вели Бојаџиева за „Ти си твојот град“.

Погледнете ги фотографиите кои ги испрати до рубриката.

Улица Димитар Влахов
Улица Димитар Влахов