Skip to main content

Во Струга многу помал број на активни случаи со корона вирус во однос на Охрид

Во Струга два и пол пати е помал бројот на активни заболени со корона вирусот, во однос на Охрид. Имено, според официјалните податоци на министерството за здравство моментално во Охрид има 250 ковид позитивни пациенти, а во Струга само 97 лица.

 |  Соња Рилковска  | 

Во Струга два и пол пати е помал бројот на активни заболени со корона вирусот, во однос на Охрид. Имено, според официјалните податоци на министерството за здравство моментално во Охрид има 250 ковид позитивни пациенти, а во Струга само 97 лица.

Во сите билтени на Институтот за јавно здравје може да се забележи дека во Струга е многу помал бројот на регистрирани новозаболени од корона, речиси два до три пати помал на дневна основа. Во вчерашниот билтен во Охрид има 11 нови случаи, а во Струга се регистрирани четири нови позитивни. Согласно и бројот на заболени во Струга и бројот на хоспитализирани во модуларната болница е далеку помал во однос на охридската болница. Во Охрид моментално има 40 хоспитализирани пациенти, додека во Струга само девет.

Во третиот бран ние стигнавме да го отвориме ковид центарот модуларната болница каде што се вклучија сите специјалисти и сите професионалци од нашата болница, кои се справуваа со ситуацијата. Имаме добар тек, добро познавање во поглед на состојбата која ја предизвика САРС ков 2 и болеста која што ја создаде истиот вирус и моментално ситуацијата ни е стабилна имаме добро организиран тим кој што ротира, кој има искуство и од претходните бранови, така што може да кажам дека добро се справуваме со оваа болест – вели Арменд Арслани, директор на струшката болница.

Во Охрид притисокот врз болницата сеуште висок. За разлика од пред две недели на Интерното и Инфективното одделение бројот на хоспитализирани е намален само за тројца пациенти, односно од 43 на 40 пациенти.

Пациентите се воглавном постари лица со други коморбидитети. Моментално сите овие пациенти што се хоспитализирани се повозрасни со други сосема болести, така да се надевам дека нема да имаме помлади пациенти кои што ќе имаат потешка клиничка слика. Имаме доста амбулантни прегледи меѓутоа бројот на хоспитализации е можам да кажам на задоволително ниво, меѓутоа болницата е релативно исполнета до последното место – вели Горан Балески, директор на охридската болница.

Од почетокот на пандемијата до денес во Охрид вкупно заболеле 8333, во соседна Струга од стартот на пандемијата заболеле 4556. Нема научни анализи зошто во струшко е помал бројот на заболени, но според лекарите тоа се должи на непријавувањето на симптоми од страна на населението. Голем број од граѓаните не бараат лекарска помош и не се тестираат.