Skip to main content

Полициска контрола

Во Струга уапсен охриѓанец баран по потерница

Во Струга е приведен 38-годишен охриѓанец кој бил баран по потерница за издржување затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа во Струга за издржување на казната.
 |  инфодеск  | 
Приведен

При полициска контрола уапсен охриѓанец баран по потерница за издржување затворска казна.

На 14.04.2023 во 15:30 часот на магистралниот пат во близина на Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода Х.Г.(39) и С.Ѓ.(38), двајцата од Охрид. При контрола во патничко возило „опел астра“, во кое биле двајцата, било пронајдено и одземено шише со непозната течност – соопшти МВР.

Притоа, било констатирано дека С.Ѓ. бил баран по потерница врз основа на наредба на Основен суд Охрид за издржување затворска казна и бил спроведен во Казнено-поправната установа во Струга за издржување на казната.

По целосно документирање на случајот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.