Skip to main content

Во тек е пријавувањето за „Фолклорна Бајка“

Бајката исплетена со познатите македонски рефрени, за прв пат испеани од младите музички таленти, повторно ќе ги освојува срцата на љубителите на изворниот мелос. И оваа година во пролетниот месец мај, сцената на ЦК „Григор Прличев“ ќе биде резервирана за децата кои ќе учествуваат на фестивалот Фолклорна Бајка, кој оваа година за втор пат се организира во нашиот град.

 |  Николоска Биљана  | 

Младите музички таленти кои го негуваат македонскиот народен мелос и годинава ќе бидат дел од Фолклорна Бајка. Овој фестивал минатата година беше организаиран за прв пат и се карактеризира по тоа што е единствен од ваков вид во Македонија. Стефан Нестороски еден од организаторите вели дека задоволство е да се работи со деца кои одлично ги интерпретираат преработените аранжмани на познатите македонски рефрени од народната музика.

„Фолколорна Бајка“ е уникатен фестивал, минатата година зачудувачки ги плени интересите од сите медиуми, од децата посебно ние сме изненадени колку децата професионално пристапија кон негувањето на фолклорот

Подготовките се во тек а пријавувањето е веќе започната пренесува Нестороски. Неговите очекувања се дека и годинава ќе бележат успешно издание на фестивалот Фолклорна Бајка.

„Можат да се пријават нелимитиран број но сепак на крај ќе се прави една селекција ќе се изберат посоодветните гласови спрема песните, поголемите таленти сепак ќе доминираат. Минатата година имавме учесник од Битола, веќе се јавуваат учесници од Скопје и од другите градови, во секој случај ќе биде поинтересно

Организаторите порачуваат доколку имате талент и ја сакате македонската песна бидете и вие дел од Фолклорната бајка, која ќе се одржи на 8-ми мај на сцената на ЦК Григор Прличев во Охрид.
Пријавувањето е во тек, а сите дополнителни информации може да ги добиете на телефон 076/226-848 и 075/521-540 или на folklornabajka@gmail.com