Во тек проектот за спас на една од најстарите езерски цркви
Во тек е реализацијата на проектот за конзервација и реставрација на кровот и поставување на транзени на црквата Св. Богородица Захумска во месноста Заум, на брегот од Охридското Езеро.
Во тек е реализацијата на проектот за конзервација и реставрација на кровот и поставување на транзени на црквата Св. Богородица Захумска во месноста Заум, на брегот од Охридското Езеро.
Работите на непосредна заштита на архитектурата на црквата се отпочнати уште во 2016 година кога беше отстранет стариот кровен покривач, а беше поставен заштитен дрвен наткров кој овозможи непречено одвивање на процесот на испарување на влагата од кровната конструкција и ѕидовите на црквата. Состојбата со влагата е конечно стабилизирана и овозможени се услови за продолжување на заштитните интервенции на црквата.
Работите на непосредна заштита се одвиваат под раководство на диа Ристо Петковски, советник конзерватор и под постојан конзерваторски надзор на диа Тања Паскали Бунташеска, советник конзерватор од НУ Завод и музеј Охрид.
Проектот е финансиран од Годишната програма на Министерството за култура.