Skip to main content

општина охрид

Во тек се градежни активности за уредување на коритото на реката „Грашница“

Се работи за потегот на сливот во Охридското Езеро во населбата „Воска“ каде е извршено комплетно расчистување на теренот, бетонирање на подлогата и се врши поплочување на коритото со камени плочи.
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков информира дека во тек се градежни активности за уредување на коритото на реката „Грашница“.

Се работи за потегот на сливот во Охридското Езеро во населбата „Воска“, извршено е комплетно расчистување на теренот, бетонирање на подлогата и се врши поплочување на коритото со камени плочи, се додава во соопштението.

Вредноста на проектот е 3.088 000 денари, а градежните активности ги реализира градежната фирма „Бокоп“ од Боровец.