Skip to main content

Во топлите летни месеци меѓу најкупуваните медикаменти се вбројуваат и пробиотиците

Во топлите летни месеци меѓу најкупуваните  медикаменти  се вбројуваат и  пробиотиците. Се бараат  и кремите за сончање со висок заштитен фактор. Фармацевтите од Галиум фарм секогаш со корисни препораки до купувачите за користење на медимикантите. 

 |  Валентина Неловска  | 

Купувачите во летните топли месеци ги посетуваат градските аптеки. Се бараат разни видови лекови секој според своите здравствени или превентивни потреби. Меѓу најкупуваните фармацеутски производи во лето се пробиотиците и кремите за сончање, напоменуваат од охридската Галиум аптека. Пробиотиците се добри бактерии кои помагаат за балансирање на средината во целиот организам. Помагаат да сме здрави и отпорни на штетни бактерии и микроорганизми, напоменува дип. Фармацевт Љубица Јолеска.


„ Пробиотиците се купуваат во зависност која вироза владее. Следуваат средствата за сончање. Даваме препораки како да се заштити кожата кога има зголемено УВ зрачење , дали кожата е светла или темна дали е потребен заштитен факотор од 30 или 50. Како да се заштитат бебињата од УВ зрачаењето кое е со висок степен“, велат од Галиум фарм.

Фармацевтите од Галиум фарм секојдневно ги советуваат своите купувачи посебно кога станува збор за антибиотиците и седативите, нагласува Јолеска.

„Ние како фармацевти во соработка со докторите се трудиме да се употребуваат што помалку антибиотици и да се користат лекови во зависнсот од тоа дали се во прашање вируси или бактерии. Да се разграничи со миробиолошките наоди кој е причинителот. Во зависност од тоа се препорачува дали да се користи или не антибиотик“, споделува Јолакоска од секојдневието со купувчите и 10 годишното искуство од постоењето на аптеката Галиум фарм.

На пациентите купувачи фармацевтите од Галуим фарм во 10 годишното искуство од постоењето на аптеката споделуваат совети како за терапиите така и за користење на суплиментите и витамините.Витамините заради современиот начин на живеење помагаат и се важни, но мора рационално да се употребуваат и да се утврди дали има потреба организмот од нив и од кој витамини, подвлекува Љубица Јолeска од Галиум фарм.