Skip to main content

Во трка тројца кандидати за директор на ЈНУ Хидробиолошкиот завод од Охрид

Тројца кандидати во трката за директорско место на Јавната научна установа Хидробиолошки завод од Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
hidro

Тројца кандидати во трката за директорско место на Јавната научна установа Хидробиолошки завод од Охрид.

hidroСо завршувањето на конкурсот кој траеше до 7-ми април годинава, а по истекот на мандатот на претходната директорка на високата научна установа Ходробиоошки завод Охрид, Сузана Патчева, ТВМ ТелевиизијА неофицијално дознава дека за оваа висока позиција во игра се тројца кандидати. Едниот е Проф.д-р Талевски кој воедно е и раководител на одделот за краповидни риби при Хидробиолошкиот институт, потоа Д-р Елизабета Сарафилоска,  вработена во институтот во одделот хемија, како и Д-р Сашо Трајаноски научен советник.

Хидробиолошкиот Институт, основан во 1935 година е јавна владина високо образовна и научно-истражувачка организација од национален интерес која ги покрива истражуваните субјекти на лимнологијата, како природните езера (главно) така и вештачките езера и реките. Главната преокупација е лимнологијата на природните езера на Република Македонија (Охридското, Преспанското и Дојранското), со особена нагласеност на Охридското Езеро – најстарото езеро во Европа и најголемото и најдлабоко во Македонија.