Skip to main content

Во Трпејца по четврти пат Уметничка колонија

Во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“, од денеска до понеделник во Трпејца по четврти пат ќе се одржи Уметничката колонија.

 |   | 

Од денеска до понеделник во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ во Трпејца ќе се одржи четвртото издание на Уметничката колонија која и во време на Ковид -19 ќе го задржи интернационалниот карактер.

Инспирани од овој неверојатно убав крај во наредните четири денови сликарските платни ќе ги обојат: Наташа Попоска – Карче,  Хава Реџепи, Елена Ѓурѓиноска и Ѓоко Симјаноски уметници од Охрид и Петрит Лараку од Поградец, Албанија.  

Традиционално – уметниците ќе творат во просториите на Подрачното основно училиште „Наум Охридски“, а ќе се дружат и со ученците  и мештаните.

Уметничката колонија е под покровителство на Општина Охрид.