Skip to main content

Во угостителски објект на плажа во Охрид точеле алкохол на малолетници

Против правно лице и сопственикот поднесени се кривични пријави, информираат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишно лице од Скопје и против правно лице од Скопје, чиј сопственик е пријавениот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“ по член 204 од Кривичниот законик.

При контрола во угостителски објект на една плажа во Охрид, извршена на 29 јули 2026 година, со кој стопанисувале пријавените, полициските службеници затекнале малолетни лица на кои им било овозможено да консумираат алкохолни пијалоци.