Во вторник, на 21-ви мај 2024 година, со почеток во 11:00 часот во охридското село Велестово ќе се одржи настан по повод одбележувањето на Денот на Натура 2000 и Денот на биолошката разновидоност.
„Главната цел на настанот е да се подигне свеста за Натура 2000 мрежата, видовите и живеалиштата кои се заштитени со Натура 2000 мрежата и создавање зелени работни места во зачувувањето на природата. На настанот ќе присуствуваат претставници на ЕУД и МЖСПП, Националниот парк „Галичица“, ПМФ – Универзитетот во Скопје, други институции, како и национални и локални медиуми.“ – информриаат организаторите.
Мотото е набљудување и идентификација на видовите преку работилница која ќе се организира заедно со ученици од Охрид и Скопје, а истата ќе биде предводена од страна на едукатор од НП „Галичица“ и неколку експерти.
фото: Ѓоко Симјаноски